Market Renewal – Macedonian

ВЛОЖУВАЊЕ ВО ИДНИНАТА НА ПАЗАРОТ PRESTON MARKET.Во текот на изминатите 45 години, пазарот Preston Market стана составен дел од северното градско подрачје и игра клучна улога во секојдневните животи на пошироката заедница. Самиот пазар е втор по големина пазар во Мелбурн, со повеќе од 6000 квадратни метри пазарен простор на кој работат низа разновидни продавачи, од продавачи на свежи производи до самопослуги со разновидна стока. Обновувањето на пазарот ќе ја зацврсти неговата позиција како културно и стопанско одредиште за следните децении.Кој е обемот на работите за обновување?Порано оваа година, Општина Даребин одобри големи финансиски средства во обновувањето на постојниот пазарГолем дел од нашите планови е зголемувањето на јавните површини, се надеваме дека пазарот ќе стане уште повеќе место за собирање на заедницата. Работите ќе опфаќаат:

  • Задржување на постојните градби и трговци на пазарот
  • Подобрени пристапни делови на рестораните, продавниците, итн.
  • Обновување на просторот за продажба на овошје и зеленчук
  • Подобрен јавен простор; подобрена безбедност и подобра поврзаност со превоз.
  • Проширување на клозетите и просториите за родители
  • Иницијативи за ESD (одржлив развој), сончева енергија, систем за управување со отпадот, собирање на дождовница, LED осветлување, зеленило.
  • Ново управување со центарот и Центар за информирање на клиентите.
  • Детски игралишта.
  • Подобри покриви над тезгите.

Развивањето на пазарот Preston Market е заеднички потфат на компаниите Medich Corporation и Salta Properties кои вложуваат повеќе од 4 милиони долари во обновувањето на пазарот. Се очекува градежните работи да бидат завршени меѓу октомври 2016 година и средината на 2017 година. Пазарот ќе остане отворен во текот на сите градежни работи.Зошто треба да се сменат работите?Со текот на времето пазарот остаре, обновувањето ќе осигура дека објектите се надградени за да го направат пазарот поефикасен за трговците, вклучувајќи и обновување на просторите зад продавниците и попријатно место за собирање за локалната заедница.Дали ќе исчезне сè што сакавме на пазарот?Историјата, културната разноликост и луѓето на пазарот се тоа што го прави овој пазар толку посебен. При обновувањето ќе бидат задржани зградите на пазарот и ќе се подобрат објектите за трговците и за купувачите. Трговците и распоредот на пазарот што луѓето од заедницата ги познаваат и ги сакаат ќе останат исти такви какви што се сега.Дали сегашниот простор на пазарот ќе биде намален? Дали ќе биде обезбедено место за истиот број трговци?Како резултат од обновувањето на пазарот, очекуваме пазарот да стане поголем и да се зголеми бројот на трговците.Какви ќе бидат користите од надградувањето и обновувањето за трговците и за пошироката заедница?Надградувањето ќе го направи пазарот подобро место и за трговците и за купувачите. Ќе отвориме повеќе јавни места и ќе обезбедиме нови помошни објекти како што се нови клозети, простории за родители и детски игралишта. Особено се гордееме со подобрувањето на одржливоста, вклучувајќи ги панелите за собирање сончева енергија, преработка на ѓубрето на самото место и подобра инфраструктура за преработка на отпадоци.ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ